Против вкупно 12 лица Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите, во различни кривично-правни настани во периодот од 19 до 23 февруари, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје. Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории.