Соопштенија

Тројца обвинети за користење лажни ПЦР тестови за да ја напуштат државава

Против двајца турски и еден швајцарски државјанин Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози заради кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот. Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, тие ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица.​