Соопштенија

Обвинение за косовски државјани кои не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица, косовски државјани, за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Обвинетите на 17 март во 23:05 часот, за време на важечки полициски час, со автомобил се движеле по автопатот Е-75, па на наплатна станица Отовица биле сопрени и легитимирани од полициски службеници на СВР Велес.​