Соопштенија

Истрага за пронајдено оружје и муниција во Рашче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи согласно член 396 став 1 од Кривичниот законик.

На 17 март, во својот дом во селото Рашче, осомничениот 34-годишник држел полуавтоматски пиштол Застава М57 со калибар 7,62Х25 мм и 25 куршуми од тој калибар. Оружјето и муницијата му биле пронајдени и одземени при претрес на домот.

Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото.