Соопштенија

28 годишен штипјанец извршил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и продолжено кривично дело обљуба врз немоќно лице

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 28 годишен штипјанец за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и продолжено кривично дело Обљуба врз немоќно лице.

Имено, осомничениот од почетокот на 2015 година со претходно договарање за времето и местото на средбата, се среќавал со оштетеното момче (16) – лице со лесен ментален хендикеп. Средбите се одвивале во вечерните часови, во повеќе наврати, на различни локации и притоа искористувајќи го неговиот заостанат душевен развој, со намера да ги задоволи своите полови страсти, вршел полови дејствија.

Исто така, на ден 10.03.2015 година осомничениот, по претходно телефонско договарање на средба, се сретнал со 13 годишно дете пред фудбалско игралиште, каде во руинираните простории на соблекувалната, со намера да ги задоволи своите полови страсти извршил полови дејствија врз жртвата.

Надлежниот јавен обвинител, до Судијата на претходна постапка на Основен суд Штип достави Предлог за определување на мерка Притвор за осомничениот во траење од 30 дена. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со Решение определи триесет дневен притвор.