Соопштенија

Поведена истрага против дилер од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 7 април, во домот на осомничениот 31-годишен скопјанец на улица „Метохиска“ биле пронајдени 226,89 грама марихуана во полиетиленски пакувања анеменети за натамошна неовластена продажба. Освен ова, при претресот била одземена и една дигитална вага.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијае врз постапката или да го повтори делото.​