Соопштенија

Обвиненија за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тест

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик.

Во различни кривично-правни настани на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетите употребиле лажни исправи – фалсификувани потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот. Иако знаеле дека не се тестирале во наведените лаборатории, при обид да ја напуштат државата со авионски лет од Скопје, тие ги презентирале потврдите како вистинити, но биле откриени од овластени службени лица.