Соопштенија

Предложена парична казна за непочитување на полицискиот час

За кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице.

На 25 март, обвинетиот 36-годишен жител на Чаир, Скопје бил затекнат во непочитување на важечкиот полициски час. Имено, тој без да поседува дозвола се движел по магистралниот пат А2 Гостивар-Тетово околу 23 часот, со што постапил спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот.

Јавниот обвинител предложи да му биде изречена парична казна.​