Соопштенија

​Четворица жители на Чегране обвинети за насилство

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против четири лица од Чегране, на возраст од 18-19 години кои се товарат дека извршиле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 9 јануари, обвинетите, во група заедно со уште двајца малолетници, извршиле грубо насилство врз едно лице, а ја загрозиле и сигурноста на други сведоци на настанот. Најпрвин еден од обвинетите го удрил оштетениот со метална шипка во пределот на главата, а потоа откако паднал, сите заедно продолжиле да го удираат, нанесувајќи му телесни повреди – нагмечувања и расцепни рани.​