Соопштенија

Двајца обвинети за употреба на фалсификувани пари во Гостивар

Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Фалсификување пари од член 268 став 1 во врска со член 45 поднесе Основното јавно обвинителство Гостивар, додека уште едно лице се товари за помагање при извршување на истото кривично дело.

Првообвинетиот, во три наврати во текот на септември 2020 година, во продавници, аптеки и маркети во Гостивар употребил фалсификувани банкноти од по 50 евра со цел да набави одредени производи. Вработените веднаш не ја забележувале разликата, со што на секое од правните лица му била нанесена штета во износ од по 3.050 денари. Второобвинетиот, пак, ги набавил лажните банкноти и му ги ставил на располагање на првообвинетиот со намера тој да ги пушти во оптек. Притоа го возел до одредените локации и го чекал надвор од наведените места.​