Соопштенија

Петмина албански државјани обвинети за нарушување на полицискиот час во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против петмина државјани на Република Албанија за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

На 25 мај, во 1 часот по полноќ, биле затекнати како со автомобил се движат кај местото викано Горна Локва над селото Пожаране со што го прекршиле полицискиот час воспоставен како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд Гостивар да ги огласи обвинетите за виновни за стореното кривично дело, да им изрече соодветна казна како и казна – протерување странец согласно член 38-Г од Кривичниот законик.​