Соопштенија

Непочитување на полицискиот час во Скопје – предложени парични казни за петмина

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот зкаоник.

Обвинетите, во различни кривично-правни настани, не ја почитувале забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. За време на важечкиот полициски час биле затекнати надвор од нивните домови со што го сториле наведеното кривично дело.

Надлежните јавни обвинители на Основниот кривичен суд Скопје му предложија за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​