Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице – државјанин на Република Србија за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл.206 од Кривичниот законик.
Обвинетиот на 8 јуни 2021 година со автомобил се движел низ Скопје, при што бил сопрен и легитимиран од полициски службеници.