Соопштенија

Обвинение за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 49-годишен гостиварец за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес од страна на овластени службени лица, на 30 јуни 2021 година кај наплатната рампа Глумово, кај обвинетиот биле пронајдени наркотична дрога хероин во вкупна количина од 50,25 грама и парични средства во банкноти со различна вредност во вкупен износ од 1640 денари и 880 евра.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетото лице.