Соопштенија

Поведена постапка заради родосквернавење

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 15 јули 2021 година, околу 14:30 часот извршил обљуба со крвен сродник во права линија, дете на возраст од 12 години. Осомничениот ја пресретнал оштетената на пат и послужувајќи се со лага ја насочил да се движи кон блиската продавница. По патот, во близина на стадион, тој започнал да ја влече оштетената за рака и насилно ја внел во тоалетите на објектот, каде преземал дејствија со кои го извршил кривичното дело.

Поради тежината на стореното кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години, како и околности кои укажуваат на опасност од бегство, страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, како и особени околности што го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, обвинителството до надлежниот суд достави Предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.

Предлогот на обвинителството е прифатен и Основниот суд Гостивар со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.