Соопштенија

Поведена истрага против дилер на марихуана од Студеничани

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен жител на Студеничани кој е осомничен за кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 18 август, осомничениот во Скопје набавил наркотична дрога – марихуана со намера да ја препродаде. Откако ја набавил дрогата, се упатил кон стан во Гостивар за да изврши продажба на корисници на наркотични дроги. При извршен претрес, полициски службеници кај осомничениот пронашле и одзеле вкупно 1.765,2 грама марихуана во повеќе различни ќеси.

Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​