Соопштенија

Поведена постапка за поткуп при избори и гласање

Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против едно лице за кое постои сомневање дека сторило продолжено кривичното дело  – Поткуп при избори и гласање од член 162 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот.

Осомничениот на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово бил забележан како дава пари на граѓани за да гласаат за независен кандидат.  Со потврда одземена е документацијата и паричните средства кои биле пронајдени кај  осомничениот.

Осомничениот  е задржан во полициска станица. По дадени насоки на обвинителството, полициските службеници прибираат известувања од лицата кои ги примиле паричните средства во висина од по 3000 денари. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот.