Соопштенија

Поведена истрага за дилер од Скопје

Истражна постапка против 39-годишен скопјанец поведе Основното јавно обвинителство Скопје, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 14 ноември, при претрес во домот на осомничениот во Бутел, биле пронајдени 23,55 грама психотропна супстанција – амфетамин и 0,85 грама наркотична дрога – марихуана, кои биле спакувани во помали полиетиленски пакувања и наменети за натамошна продажба. Освен ова, при претресот била пронајдена и дигитална вага и други предмети со остатоци од дрога.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​