Соопштенија

Жител на Форино обвинет за неовластена трговија со хероин и метадон

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 59-годишен жител на Форино кој се товари дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 7 ноември, при личен преглед на обвинетиот и при претрес во неговиот дом, кај него биле пронајдени 3,10 грама хероин, како и четири шишиња со вкупен волумен од 40 милилитри метадон, кои ги држел неовластено заради натамошна продажба.