Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен жител на скопско Јурумлери, осомничен за кривично дело – Неовлстено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на осомничениот на 20 јануари биле пронајдени 14,3 грама марихуана, како и 0,45 грама амфетамин и една дигитална вага со остатоци од канабис.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.