Соопштенија

Поднесено обвинение за гостиварецот кој ја загрози сигурноста на неговото семејство

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 43-годишен гостиварец, вршејќи семејно насилство, во повеќе наврати, со телефонски јавувања и СМС пораки, се заканувал на неговата ќерка и на неговата сопруга со кои извесен период не живееле заедно.

На 8 март тој и лично дошол пред станот во кој престојувала сопругата со нивните три деца, ѕвонел на домофонот и по кратка расправија и се заканил дека „сите дома ќе ги заколе“.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.​