Гостиварското обвинителство, по спроведената истражна постапка, денеска до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 47-годишник, на 14 март, беше затекнат додека кај себе неовластено држел 6,08 грама хероин наменети за препродажба. Дрогата му била пронајдена и одземена при личен преглед во близина на Домот на културата во Гостивар.
Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.