Соопштенија

Обвинение против две лица од гостиварско за недозволена трговија со кокаин

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица од селото Калиште, кои се товарат за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Обвинетите соизвршители, на 12 април во селото Зубовце, купиле и неовластено за продажба држеле наркотична дрога кокаин. Кај едниот обвинет биле пронајдени 12 пакувања со вкупна нето маса од 4,83 грама, додека кај другиот – 2 пакувања со вкупна маса од 0,77 грама.

Оценувајќи дека се уште постои можност обвинетите да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или да го повторат делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.​