Истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово е при крај. Јавните обвинители кои постапуваат во предметот лоцираа кривична одговорност за трагичниот настан и наскоро ќе биде поднесено обвинение, изјави Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во интервју за емисијата „25 минути“ која се емитуваше на Телевизија 24. Јовески во интервјуто зборуваше и за постапувањето на обвинителството во неколку други предмети.
Целосното интервју во видеото подолу.