Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 44-годишен жител на гостиварско Долна Бањица кој при вршење семејно насилство сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот зкаоник.
На 2 мај, по претходна вербална расправија преку мобилен телефон, обвинетиот во близина на гостиварската болница со автомобилот пресретнал жена со која бил во врска. Жената се движела пеш и одбила да влезе во неговото возило, по што тој физички ја нападнал, ја влечел за коса и ја удирал со рацете по главата и лицето. Од ударите оштетената паднала на земја, па обвинетиот продолжил да ја удира со нога во пределот на стомакот и ребрата, нанесувајќи и повеќе телесни повреди.