Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Скопје постигна спогодба за двајца осомничени од предметот „Јустиција“

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна спогодба со двајца осомничени во предметот „Јустиција“. Денеска спогодбата е верификувана и од страна на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој согласно договореното со Пресуда на осомничените им изрече условна казна затвор, односно казна затвор од една година која нема да се изврши доколку во рок од три години лицата не сторат кривично дело.

 Двајцата осудени лица се поранешни судии, сега во пензија.