Денес, Јавниот обвинител на Република Македонија г. Марко Зврлевски имаше средба со амбасадорот на Народна Република Кина, неговата екселенција г. Вен Џеншун.
На средбата стана збор за поставеноста на јавните обвинителства во Република Македонија и Народна Република Кина и можното воспоставување на идна соработка меѓу обвинителствата.