Во врска со настан регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи во Куманово, Основното јавно обвинителство Куманово постапува по кривична пријава против вкупно 17 лица.
Против 10 пријавени надлежен јавен обвинител веќе поведе постапка за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 од Кривичниот законик. До судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово за нив е поднесен предлог за определување мерки за претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавуваат во суд.
За останатите пријавени, меѓу кои има и малолетни лица, одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена в понеделник.