Соопштенија

Предложен притвор за дилер на марихуана од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 21 ноември, откако при личен претрес кај осомничениот биле пронајдени 10,69 грама марихуана, бил извршен претрес и во домот во кој престојувал на улицата „Прашка“. Таму полициските службеници пронашле уште 525 грама марихуана во повеќе помали пакувања, две дигитални ваги, како и парични средства за кои постои сомнение дека биле прибавени со илегална препродажба на дрога.

Јавниот обвинител оцени дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.