Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот поради постоење на основано сомнение дека во повеќе наврати во текот на 2014 и 2015 година, преку неговите десктоп и преносен–лап топ компјутер набавувал детска порнографија преку различни интернет страници во форма на фотографии и видео записи. Истите ги зачувал на локалните дискови на неговите компјутери, по што на 23.04.2015 година дел од претходно набавените порнографски содржини кои ги поседувал, односно седумдесет и пет фотографии ги преснимал на преносна УСБ меморија, истите ги донел со себе во Штип и во фото студио нарачал да му бидат репродуцирани. Осомничениот бил откриен и фатен од страна на полициски службеници при СВР Штип.
Со наведените дејствија осомничениот сторил кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија за што е донесена и Наредбата од страна на надлежниот обвинител. Истовремено, обвинителот поднесе и Предлог за определување на мерка Притвор, сметајќи дека се исполнети законските основи, кој предлог беше прифатен од страна на судијата на предходна постапка, па на осомничениот му е определен притвор во траење на 30 дена.