По завршување на истражната постапка, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот (член 300, став 4 во врска со член 297, став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик), за сторена сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а три лица беа повредени.
Сообраќајната несреќа се случи на 13 март минатата година, кога во 23,1о часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, обвинетиот – возач на џипот, удрил во возилото во кое се наоѓал сега починатиот.