Соопштенија

Истрага против дилер на марихуана и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во семејна куќа во Виница, во сопственост на неговиот дедо, осомничениот кочанец држел 104,54 грама наркотична дрога марихуана и помало количество психотропна супстанција 3,4 – метилен диоскиметамфетамин. Најголемиот дел од дрогата ја криел во барабанот на мешалка за бетон поставена пред влезната врата во подрумските простории на куќата. Во неколку наврати  дрогата неовластено им ја продавал на зависници од Виница.

При претресот во куќата биле пронајдени и пет исушени, соголени и скршени гранчиња канабис. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и со решение му определи притвор во траење од 30 дена.​