Соопштенија

Уште две спогодби во предметот „Јустиција“

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје постигна Спогодба со уште двајца осомничени во предметот „Јустиција“ и тоа со еден судија во пензија и еден судија коj активно ја вршел функцијата.

Осомничениот судија во пензија се спогодил со надлежниот обвинител за кривичното дело што го сторил да му биде изречена казна од една година затвор , којa нема да се изврши доколку во време од три години осомничениот не стори ново кривично дело.

Надлежниот обвинител од Oсновното јавно обвинителство Скопје склучи спогодба и со осомничено лице –  судија за стореното кривично  дело – Несовесно работење во службата. Прифаќајќи ја склучената спогодба, судијата од надлежниот Основен суд Скопје 1 – Скопје изрече Пресуда со која осуденото лице го казни со казна затвор во времетраење на две години која нема да се изврши, доколку во рок од четири години осуденото лице не стори ново кривично дело.

Спогодбите се верификувани и од страна на Основниот суд Скопје 1  – Скопје, кој согласно Спогодбата, со Пресуда  на осомничените им ги изрече договорените казни.