Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска одржа работна средба со Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска.
На средбата беа презентирани активностите што ги реализира Јавното обвинителство во спроведувањето на сите стратешки документи чија цел е зголемена ефикасност во постапувањето и ефикасната борба против корупцијата. Притоа, Јовески ги појасни внатрешните механизми кои се воспоставени во Јавното обвинителство и кои гарантираат етичко и професионално постапување на јавните обвинители.
Дополнително, јавниот обвинител Јовески го образложи функционирањето на формираните истражни центри, нивната опременост и екипираност.
Вицепремиерката Грковска изрази подготвеност, во рамки на своите надлежности за доброто владеење и унапредување на владеењето на правото, да даде поддршка на активностите на Јавното обвинителство со цел да се надминат нотираните предизвици во Извештајот на ЕК.