Соопштенија

Извршен увид на местото на тешка сообраќајна несреќа кај Битола

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот Прилеп-Ресен.
Според првичните наоди при увидот, до несреќата дошло при директен судар на автомобил Опел корса со битолски регистарски ознаки и товарно возило со штипски регистарски ознаки. Во сударот животот го загубил 24-годишниот возач на патничкиот автомобил.
Се постапува за испитување на причините за несреќата, при што по наредба на јавниот обвинител ќе биде извршено сообраќајно вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот.