Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 81 година, осомничено за други полови дејствија спрема дете кое не наполнило 15 години.
Осомничениот, искористил прилика во која 9-годишно девојче побарало од него услуга како нејзин сосед, ја повикал во својот дом во Кисела Вода и таму ја допирал.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, имајќи предвид дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз жртвата или да го повтори делото.