Јавното обвинителство на Република Северна Македонија го објави единствениот Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во државата во 2023 година, во кој се сумирани статистичките податоци за работата на обвинителствата, структурата на криминалитет во извештајниот период, но и состојбите со материјалните и кадровските ресурси. Исто така, извештајот ги опфаќа активностите за јакнење на транспарентноста, меѓуинституционалната и меѓународната соработка.
Целосниот извештај е достапен на следниот ЛИНК.
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија го изготви и го објави и Извештајот за примена на посебните истражни мерки во 2023 година, кој е достапен на следниот ЛИНК.
Согласно член 55 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија го поднесе извештајот до Собранието на Република Северна Македонија, на разгледување го достави до Советот на јавните обвинители, а за запознавање е доставен и до Владата на Република Северна Македонија, Врховниот суд на Република Северна Македонија и до Министерството за правда.