Соопштенија

Соопштение

Увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре. Увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

По наредба на јавниот обвинител екипи на СВР Скопје и денеска излегоа на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад.

Во континуитет се преземаат повеќе дејствија на обезбедување и анализа на документација.

До Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени со постапка до овој момент.