Соопштенија

Јавното обвинителство и ДЗР – зајакнување на соработката за заштита на јавниот интерес

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија м-р Ненад Савески денеска оствари работен состанок со тим на Државниот завод за ревизија предводен од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик-главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми.

На состанокот беше изразено задоволство од досегашната меѓуинституционална соработка, а се разговараше и за нејзино продолжување и продлабочување со посебен акцент на унапредување на координацијата и размената на информации помеѓу Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Во фокусот на дискусијата беше и реализацијата на заеднички активности насочени кон уште поефикасно постапување по состојбите утврдени во ревизорските извештаи, како и зајакнување на владеењето на правото, отчетноста и транспарентноста во управувањето со јавните средства, како и потребата од дополнителна координација со надлежните институции, како Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција, во насока на обезбедување соодветен одговор и постапување од страна на надлежните органи.