Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска, по повод свеченото одбележување на 34 години од основањето на Царинската управа денеска прими Плакета со повелба што му ја врачи директорот Бобан Николовски во знак на долгорочната соработка меѓу двете институции.

Блиската соработка при истражување и кривично гонење на организираниот криминал и нелегалните царински активности е одразена и преку континуиран раст на бројот на кривични пријави од Царинската управа по кои обвинителствата активно постапуваат.
Освен на Јавното обвинителство, Царинската управа додели плакети за благодарност и на амбасадите на САД, ЕУ, Велика Британија и ОБСЕ, како и на Јавното претпријатие за државни патишта и на ТАВ Македонија.