Соопштенија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија на средба со претставници на Транспаренси Интернешнл-Македонија

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески оствари средба со претседателот на Транспаренси Интернешнл – Македонија Благоја Пандовски и Генералниот секретар на оваа ортанизација Методи Зајков.

На средбата стана збор за можностите за реализација на заеднички активности во насока на зајакнување на соработката од областа на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Притоа, ТИ-Македонија ги реафирмираше наодите од последното истражување на Системот за Национален Интегритет и ја нагласи потребата од соработка во имплементирање на систем за внатрешните и надворешните канали за заштитено пријавување на укажувачи.

Државниот обвинител Савески укажа на потребата од континуирана поддршка од невладините организации во активностите за јакнење на довербата во јавното обвинителство.