По кратко боледување, на 60-годишна возраст во Струга почина Џемал Лога, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Струга.
Џемал Лога беше роден на 25.05.1966 година во струшкото село Ново Село. Дипломираше на Правниот факултет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје во 1998 година, а на 25.04.2012 година беше избран за јавен обвинител во струшкото основно обвинителство.
Во текот на своето работење како јавен обвинител, тој беше исклучителен професионалец, посветен на својата работа и на определеноста да даде придонес за унапредување на јавнообвинителската професија. Меѓу колегите ќе остане запаметен по неговиот ведар дух и пожртвуваност. Со неговата смрт, тие загубија добар пријател, а Јавното обвинителство загуби посветен професионалец.