На 53-тата седница денеска, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија им овозможи на петмината пријавени кандидати за Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се претстават пред Советот и пошироката јавност и да ги презентираат своите програми за работа. Нивното претставување беше снимено од страна на миа.мк и се пренесуваше во живо.