Соопштенија

Завршна посета на амбасадорот на ОБСЕ Вал во Јавното обвинителство

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска го прими на завршна средба амабасадорот Килиан Вал кој го завршува својот мандат како шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На средбата, Савески изрази благодарност за континуираната поддршка што ја дава оваа организација за повеќе проекти од исклучителна важност за Јавното обвинителство, кои се однесуваат пред се на напорите за јакнење на транспарентноста и институционалната доверба, стручно и професионално усовршување на обвинителите и зголемување на меѓуинституционалната координација и соработка.

Воедно, тој упати благодарност и за личната посветеност на амбасадорот Вал за реализација на сите активности на поддршка во текот на неговиот мандат.

Двајцата разговараа и за одржливост на постигнатите резултати, но и за предизвиците и реформите кои претстојат.