Соопштенија

Проширена истрагата за кумановското „Диво Насеље“ за уште седум лица

Врз основа на анализа од досега прибавените докази од истрагата во врска со настаните од 9 и 10 мај годинава во кумановската населба Диво Насеље, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, издаде Наредба за спроведување на истражна постапка за уште седум македонски државјани.

Осомничените, кои се теретат за сторени кривични дела „Терористичка организација” од чл. 394 – а и „Тероризам” од чл. 394 -б, се изведуваат пред Судија на претходна постапка. Надлежниот јавен обвинител до Судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка – Притвор.