Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Скопје нареди истрага за пукањето на Клиниката за абдоминална хирургија

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување истрага за две лица кои учествувале во вчерашниот инцидент на Клиниката за абдоминална хирургија во Скопје.

Лицата се под истрага за неколку кривични дела: Убиство од чл. 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик, Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл. 396, Насилство од чл.386 и Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од чл.382.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, обвинителот до судијата на претходна постапка од надлежниот суд предложи определување мерка притвор за осомничените.