Јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за четириесет и четири годишен скопјанец за сторено кривично дело Убиство (во обид). Осомничениот во неделата ја нападнал својата сопруга, по што со употреба на нож и сатар и нанел тешки телесни повреди. На семејното насилство кое завршило со крвав деликт сведок било и едно од трите деца на брачните партнери. По извршеното кривично дело, осомничениот беше лишен од слобода.
Јавен обвинител по увидот на лице место донесе Наредби за вршење на потребни вештачења, собирање на траги од лице место како и сослушување на повеќе лица со цел расветлување на настанот.
Ценеjќи дека се исполнети законските основи, обвинителството достави предлог до судија на предходна постапка за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот беше прифатен од судот, па со Решение на осомничениот му е определен притвор во времетраење од триесет дена.