Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Тетово поднесе обвинение против лекар – гинеколог за сторено кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето

Поднесеното обвинение против лекарот гинеколог од Клиничката болница од Тетово го товари за несовесно постапување при пружање лекарска помош, поради што е предизвикана смрт на едно лице.

Имено, во август минатата година, при вршење на царски рез врз пациентка, обвинетото лице не ги презело сите неопходни превентивни мерки за заштита од настанување на тешки последици, а кои во конкретниот случај биле многу веројатни. По настанато крварење, лекарот веднаш не извршил медицинска интервенција со што можел да го спречи настанувањето на хеморагичниот шок, туку истата ја извршил со задоцнување кога веќе било извесно дека здравствената состојба на пациентката е сериозно нарушена. Поради задоцнетото реагирање, пациентката западнала во кома. Во таква состојба била префрлена во Клинички центар во Скопје, каде и починала.

Поради горе наведеното, по прибирање на сите материјални и вербални докази, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово го поднесе обвинението и во исто време до Основниот суд  – Тетово достави и предлог на обвинетиот да му се изрече и споредна казна – Забрана за вршење професија – лекар.