Соопштенија

Јавен обвинител врши увид на лице место во с. Добреште каде денеска две лица се тешко повредени

Четириесет и пет годишен жител на село Дебреште е осомничен за нанесување на тешки телесни повреди со нож. Денеска тој нападнал и повредил две лица, неговата поранешна сопруга и нејзиниот татко.

Според првичните сознанија, осомничениот и порано се заканувал на поранешната сопруга и нејзините родители. Тој денеска пристигнал во куќата на таткото на оштетената и откако му било кажано да замине, го нападнал таткото на поранешната сопруга и неколкупати го ранил со нож во грбот. Со истото оружје подоцна ја нападнал и поранешната сопруга и ѝ нанел прободна рана во пределот на грбот. По нападот, осомничениот се дал во бегство.

Оштетените се пренесени во Општата болница – Прилеп, но поради сериозноста на повредите оштетениот повозрасен жител на с. Дебреште е испратен на натамошно лекување во Скопје.

Јавниот обвинител кој врши увид на лице место до Полициските станици издаде Наредба за потрага по осомниченото лице, како и наредби за прибирање на траги од лице место, а со цел расветлување на настанот и утврдување на факти во предметот.