Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја има предадено севкупната документација со сите списи и докази за предметот познат во јавноста како „Пуч“ при преземањето на надлежноста од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Разликата што се појавува во однос на доказите е во класифицираните материјали за кои не постои втор примерок, односно единствениот примерок од истите е предаден во Основниот суд Скопје 1 – Скопје при поднесување на обвинението. Сакаме да нагласиме дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ниту задржува, ниту поседува списи и докази за кој било предмет што не е во негова надлежност.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потенцира дека со истите докази кои се веќе предадени на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, предходно го застапуваше обвинението во предметот пред судот.